Судири помеѓу ривалски Талибански фракции: 54 загинати

Во провинцијата Херат во Авганистан дојде до вооружени судири помеѓу двете спротивставени Талибански фракции во кои загинаа 54 милитанти

404313
Судири помеѓу ривалски Талибански фракции: 54 загинати

Во вооружени судири помеѓу припадниците на двајца команданти на организацијата Талибан во провинцијата Херат во Авганистан животот го загубија 54 припадници на Талибан.

Портпаролот на губернијата на Херат Ехсануллах Хајат истакна дека во областа Зи Кох во Шиндент продолжуваат вооружените судири помеѓу милитантите на новиот лидер на Талибан Молла Ахтар Мухаммед Мансур и милитантите под водство на Молла Мухаммед Ресул.

Истиот портпарол рече дека вооружените судири започнале синоќа и сеуште продолжувале.

Хајат напомена дека досега во судирите животот го загубија 54 милитанти и дека 7 мина од нив се припадници на Мансур, а останатите 47 мина милитанти лојални на Ресул.

Портпаролот на губернијата на Херат Ехсануллах Хајат додаде дека во вооружените судири освен 54 загинати имало и 40 повредени милитанти и од двете спротивставени групи.


Тагови:

Слични вести