САД: Постојат тврдења дека Иран тестирал балистичка ракета

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби истакна дека се истражуваат тврдењата околу тоа дека Иран минатиот месец извршил забрането тестирање на балистичка ракета

404407
САД: Постојат тврдења дека Иран тестирал балистичка ракета

Кај САД постојат сомневања дека Иран извршил тестирање на балистичка ракета спротивно на резолуциите на ОН.

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби истакна дека се истражуваат тврдењата околу тоа дека Иран минатиот месец извршил забрането тестирање на балистичка ракета.

Нагласувајќи дека сериозно се разгледуваат овие тврдења, Кирби подвлече дека доколку истите бидат потврдени ќе бидат фрлени неопходните чекори.

Прашањето се најде на дневниот ред и на постојаната претставничка на САД во ОН Саманта Пауер.

Велејќи дека постојат сериозни тврдења во врска со ракетните тестирања на Иран, Пауер напомена дека доколу овие тврдења бидат докажани нејзината земја ќе премине во акција во Советот за безбедност на ОН за да му се даде потребниот одговор на Иран.

Во меѓувреме властите во Техеран инсистираат во однос на тоа дека тестирањето на ракети не е во спротивност со резолуциите на ОН.


Тагови:

Слични вести