Иран најави воздушни напади во Ирак и Сирија

Изјавата пристигна од командантот на иранските копнени сили бригадниот генерал Ахмед Риза Пурдестан кој рече дека неговата земја ќе го зголеми своето воено присуство во Ирак и Сирија

404436
Иран најави воздушни напади во Ирак и Сирија

Командантот на иранските копнени сили бригадниот генерал Ахмед Риза Пурдестан изјави дека неговата земја би можела да реализира воздушни напади во Ирак и Сирија.

Велејќи дека Иран располага со свои воени советници во Ирак и Сирија, Пурдестан рече: „Нашето тамошно присуство може да се зголеми и од копно и од воздух.“

Иранскиот бригаден генерал Ахмед Риза Пурдестан напомена дека по испраќањето на ракети од типот С-300 од страна на Русија на Иран на дневен ред се наоѓа и купувањето на руски тенкови Т-90 и додаде дека во врска со прашањето наскоро ќе се одржат разговори помеѓу експертските делегации на двете земји.


Тагови:

Слични вести