Суспендирани сите летови за и од Ербил и Сулејманије

Институцијата за цивилно воздухопловство истакна дека одлуката била донесена за воспоставување на животната безбедност на патниците поради ракетите кои што се исфрлуваат од страна на Русија преку Капиското Море врз цели во Сирија

402346
Суспендирани сите летови за и од Ербил и Сулејманије

Сите меѓународни и домашни линии и во два правци од и за аеродромите во ирачките градови Ербил и Сулејманије суспеднирани во текот на 24 часа.

Во објавеното соопштение од Институцијата за цивилно воздухопловство се истакнува дека одлуката била донесена за воспоставување на животната безбедност на патниците, а како што се вели поради ракетите кои што се исфрлуваат од страна на Русија преку Капиското Море врз цели во Сирија.

Според донесената одлука од страна на институцијата летовите ќе почнат да се реализираат нормално од утре (вторник) почнувајќи од 11:00 часот според локално време.

Институцијата за цивилно воздухопловство на Ирак поради исти причини донесе одлука за суспендирање на авионските летови во два правци од и за аеродромите во ирачките градови Ербил и Сулејманије во текот на 24 часа и на 23 ноември.

 

 


Тагови:

Слични вести