Продолжуваат нападите од воздух и од копно врз Туркменците

Според добиени информации од локални извори единици на режимот на Асад со поддршка и на руските џетови и денеска продолжија да го бомбардираат туркменското подрачје

403159
Продолжуваат нападите од воздух и од копно врз Туркменците

Продолжува жестокото бомбардирање врз Туркменската планина и областите Џебел Екрад во близина на градот Латакија во Сирија.

Според добиени информации од локални извори единици на режимот на Асад со поддршка и на руските џетови и денеска продолжија да ги бомбардираат туркменските села.

Исто извори истакнуваат дека областите Гимам, Аванли, Фиринлик и Кизилдаг во туркменското подрачје се подложени на жестоко бомбардирање од воздух и од копно.

Како што се вели цел на жестоки бомбардирања била и областа Џебел Екрад во близина на Туркменската планина, додека звуците од експлозии се слушале и од населеното место Јајладаги кај градот Хатај.


Тагови:

Слични вести