Нападот не беше терористичка акција

Во рамките на истрагата против напаѓачите не беа откриени никакви докази дека припаѓаат на некоја терористичка организација

402044
Нападот не беше терористичка акција

САД соопшти дека нападот во кој загинаа 14, а 21 лице беа повредени не е терористичка акција

Екипата за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама соопшти дека во рамките на истрагата против напаѓачите Сејид Ридван Фарук и сопругата Ташфин Малик кои го извршија нападот на Центарот за социјални услуги во провинцијата Калифорнија, не беа откриени никакви докази дека припаѓаат на некоја терористичка организација.

Во нападот што се случи во среда на еден автобус на Заводот за социјални услуги кој ги пренесуваше лицата со посебни потреби во провинцијата Калифорнија, загинаа 14 лица од 26 до 60 годишна возраст.

Сејид Ридван Фарук и сопругата Ташфин Малик беа убиени во престрелката со полицијата.

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) кое започна опсежна истрага во врска со нападот претходно имаше најавено дека вчерашниот напад го истражува како терористичка акција.

Терористичката организација ДЕАШ соопшти дека нападот бил извршен од двајца нејзини приврзаници.


Тагови:

Слични вести