ЕУ постигна согласност околу Правилникот за патничкиот регистер

Авионските компании се обврзуваат податоците на патниците кои патуваат низ ЕУ да ги споделат со властите на земјите

400846
ЕУ постигна согласност околу Правилникот за патничкиот регистер

ЕУ постигна согласност околу Правилникот за патничкиот регистер на имиња (ПНР)

На состанокот на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ во Брисел, беше усвоена одлука за споделување на податоците на патниците кои летаат со авион.

Со новата имплементација, се предвидува податоците на патниците кои патуваат со авион да можат да се користат во спречувањето на терористичките и други кривични дела, нивното утврдување, истражување и кривичното гонење и постапка.

Авиокомпаниите се обврзуваат податоците на патниците кои патуваат низ ЕУ да ги споделат со властите на земјите.

Привремениот претседавач со ЕУ заменик премиерот на Луксембург Етиен Шнајдер рече дека со договорот се предвидува да се формира ефикасен систем за податоци на патниците со кој ќе се почитуваат основните права и слободи.


Тагови:

Слични вести