Бан: Во јануари ќе се покрене нова иницијатива за Сирија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун истакна дека процесот од Виена обезбеди извесен интензитет за изнаоѓање решение за кризата во Сирија

400181
Бан: Во јануари ќе се покрене нова иницијатива за Сирија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун истакна дека во почетокот на јануари се размислува да биде покрената иницијатива за постигнување прекин на огнот и воспоставување дијалог меѓу страните во Сирија.

Бан на одржаната конференција за претставниците на печатот укажа на тоа дека процесот од Виена обезбеди извесен интензитет за решение и додаде дека кризата во Сирија беше причина повеќе да се зголеми проблемот со тероризмот и мигрантската криза.

Бан Ки-мун побара да не бидат затворени вратите за мигрантите и рече: Затворањето на вратите и дискриминацијата кон луѓето кои насилно биле принудени да ги напуштат своите домови ги зголемува уште повеќе маката и страдањата на овие луѓе. Особено сум загрижен поради погрешните сомневања кон мигрантите и бегалците, како и дискриминацијата и нетрпеливоста која што често се применува кон муслиманите во целиот светот .“

На едно поставено прашање околу тврдењата дека третиот состанок на процесот од Виена ќе се одржи на 18 декември во Њујорк, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун рече: „Како што би можел да разберам земјите членки се во блиска координација  третиот состанок на процесот од Виена да се одржи во Њујорк. И јас го очекувам тоа со нетрпение.“


Тагови:

Слични вести