Во руските воздушни напади кај Алепо загинаа 25 цивили

Руски воени авиони реализираа воздушен напад на населените места во северниот дел на градот Алепо во кој животот го загубија 25 лица, а 10 возила беа запалени

398317
Во руските воздушни напади кај Алепо загинаа 25 цивили

Во воздушните напади на Русија врз позициите на опозиционерите на фронтовата линија со терористичката организација ДЕАШ во Сирија животот го загубија 25 цивили.

Руски воени авиони реализираа воздушен напад на возилата кои носеа хуманитарна помош за населените места во двe подрачја во северниот дел на градот Алепо.

Во нападот животот го загубија 25 лица, а 10 возила беа запалени.

Според добиени информации од надлежни за цивилна одбрана во Ихрис и месноста Кафр Насих кај градот Алепо, во воздушниот напад има голем  број повредени од кои некои потешко.

Повредените биле префрлени на лекување во полските болници во Азез и населеното место Тел Рифат, а потешко повредените лица биле префрлени на лекување во болниците во Турција.

Во меѓувреме членот на локалниот комитет за координација во северниот дел на Алепо Мустафа Ебу Рашид изјави дека руски воени авиони реализирале напад врз позициите на опозиционерите на фронтовата линија со терористичката организација ДЕАШ во населените места Ихрис, Џариз, Кафра и Кафр Насих во северниот дел на Алепо .

Притоа во руските напади загинале и опозиционери.

Истиот функционер истакна дека и покрај рускиот воздушен напад опозиционерите ја повратиле контролата од терористичката организација ДЕАШ во селото Џариз во северниот дел на градот Алепо. 

 


Тагови:

Слични вести