Француската Влада се подготвува за уставни промени

Со предлог-законот се овозможува на граѓаните кои се обвинети поради тероризам да им се одземе државјанство

398827
Француската Влада се подготвува за уставни промени

По терористичките напади во Париз, француската Влада подготви предлог-закон за уставни амандмани со кои властите се стекнуваат со поголеми овластувања во борбата против тероризмот.

Според веста на францускиот весник „Ле Монд“, Владата предлог-законот за уставни амандмани на 1 декември го достави до Државниот совет со цел да добие мислење за изготвените амандмани. Со предлог-законот се предвидува долната граница на времетраењето на прогласената вонредна ситуација од три да се зголеми на шест месеци.

Со предлог-законот се овозможува на граѓаните кои се обвинети поради тероризам да им се одземе државјанството.

Согласно предлог-законот, освен граѓаните кои подоцна го добија француското државјанство, исто така се предвидува и граѓаните кои од раѓање биле француски државјани, ако се осудат за кривично дело тероризам, да може да им се одземе државјанството.

Со предлог-законот исто така се предвидува полицијата да се стекне со поголеми овластувања особено во борбата против тероризмот.

Францускиот претседател Франсоа Холанд во говорот што го одржа во парламентот по терористичките напади даде ветување дека ќе започнат активности за уставни промени.

За усвојување на предложените уставни промени е потребна поддршката на три петтини од вкупниот број на пратеници на седницата на собранието и сенатот да гласаат за уставните промени.


Тагови:

Слични вести