Дали Русија им испорачува оружје на силите на ПЈД

Новинската агенција Анадолија ослонувајќи се на веста добиена од комитетот за локална координација на Сирија соопшти дека на силите на ПЈД во областа Шејх Максуд со падобрани им биле доставени 5 тони лесно оружје и муниција

398813
Дали Русија им испорачува оружје на силите на ПЈД

Русија продолжува да фрла чекори кои ќе ја зголемат тензијата во Сирија.

Како што се тврди од страна на руски воен карго авион во северниот дел на Алепо им биле испорачани 5 тони оружје и муниција на силите на ПЈД кои се продолжеток на терористичката организација ПКК.

Новинската агенција Анадолија ослонувајќи се на веста добиена од Kомитетот за локална координација на Сирија соопшти дека на силите на ПЈД во областа Шејх Максуд со падобрани им биле доставени 5 тони лесно оружје и муниција.

Познато е дека продолжетокот на ПКК во Сирија ПЈД со оружјето што го добива од Русија ги напаѓа опозиционерите во областа.

Минатата недела силите на ПЈД со поддршка на Русија ја нападнаа линијата Азез-Џераблус која се наоѓа под контрола на опозиционерите, а со цел да ги спојат областите Африн и Кобани кои се наоѓаат под нивна контрола.

Процесот на зближување помеѓу Русија и ПЈД кој што продолжува веќе два месеци по случајот со соборување на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор се одразува и на боиштата во Сирија. 


Тагови:

Слични вести