НАТО ја покани Црна Гора да стане 29-та членка на сојузот

На министерскиот совет на земјите членки на НАТО во Брисел шефовите на дипломатиите на 28 земји донесоа одлука за покана на Црна Гора да стане 29-та членка на НАТО

397888
НАТО ја покани Црна Гора да стане 29-та членка на сојузот

Вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО е донесена одлука да се упати покана до Црна Гора за започнување на преговорите за членство во Сојузот.

Во поканата која беше соопштена во придружба на аплаузи на претставниците на земјите членки генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече: „ Ова е историска одлука. Ова е убав ден и за Црна Гора, и за Западен Балкан и за НАТО. Оваа одлука е почеток на еден мошне добар сојуз.“

Црна Гора по процесот за пристапување кој што ќе трае неколку месеци ќе стане 29-та членка на Северноатлантскиот сојуз.

 

 



Тагови:

Слични вести