ЕУ и Колумбија потпишаа договор за взаемно укинување на визите

Согласно новата примена државјаните на земјите членки на ЕУ ќе можат слободно да патуваат за Колумбија и обратно колумбиските граѓани ќе можат да патуваат без виза во земјите на ЕУ

398142
ЕУ и Колумбија потпишаа договор за взаемно укинување на визите

ЕУ и Колумбија взаемно ги укинуваат визите.

На церемонијата за визна либерализација што се одржа во Брисел на договорот својот потпис го ставија луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн чија земја ја извршува функцијата привремен претседавач со ЕУ, колумбиската министерка за надворешни работи Марија Ангела Холгин и Европскиот комесар за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос.

На церемонијата присуствуваа и колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос и Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

Согласно новата примена државјаните на земјите членки на ЕУ ќе можат слободно да патуваат за Колумбија и обратно колумбиските граѓани ќе можат да патуваат без виза во земјите на ЕУ.

При патувањата во земјата во која ќе се патува ќе може да се престојува без виза до 90 дена во рок од 6 месеци, односно до 180 дена во годината.

За финализирање на договорот кој што се привремено ќе почне да се применува почнувајќи од 3 декември 2015 година треба да се добие одобрение од Европскиот парламент што пак се оценува за формалност. 


Тагови:

Слични вести