САД го подржува правото на одбрана на територијалниот интегритет

САД и НАТО отворено ја изнесоа загриженоста по повод нарушувањето на турскиот воздушен простор од страна на Русија

396915
САД го подржува правото на одбрана на територијалниот интегритет

Американскиот стејт департмент соопшти дека постојат докази за прекршувањето на турскиот воздушен простор од страна на рускиот борбен авион.

Портпаролката на Стејт департментот Елизабет Трудо рече:

Доказите кои ги псоедува Турција како и според наши извори, покажуваат дека рускиот авион го прекршил турскиот воздушен простор, знаеме дека пред прекршувањето на воздушниот простор, Турците неколку пати го предупредија рускиот пилот од кого не добја одговор, Од Турција и Русија бараме да воспостават дијалог во врска со прашањето и да ги намалат тензиите.

Портпаролката Трудо исто така додаде дека американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Џон Кери го поддржуваат правото на одбрана на територијалниот интегритет и воздушниот простор на Турција.

САД и НАТО отворено ја изнесоа загриженоста по повод нарушувањето на турскиот воздушен простор од страна на Русија, рече портпаролката Трудо и потенцираше дека САД го подржува правото на одбрана на територијалниот интегритет на Турција.


Тагови:

Слични вести