Пораките на лидерите на Самитот за климатски промени

Заедничкото барање на лидерите е да се преземат санкции за спречување на глобалното затолување

397062
Пораките на лидерите на Самитот за климатски промени

На 21-та меѓународна конференција на Самитот за климатски промени на ОН во Париз учествуваат државници на 150 земји од светот. Лидерите учесници на Самитот изнесоа заедничко барање за преземање санкции за спречување на глобалното затолување.

Францускиот претседател Франсоа Холанд во говорот на свечното отворање на Самитот рече дека досегашните декларации на добра воља не се доволни и дека до крајот на неделава треба да се потпише нов глобален договор за преземање на потребните санкции за спречување на климатските промени.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во говорот на Самитот во име на Турција најпрвин на земјата домаќин, Франција и изрази соучество по повод загинатите во терористичкиот напад на 13 ноември во Париз.

Ердоган во говорот подвлече на значењето за постигнување праведен и инклузивен договор.

Во Парискиот договор подеднакво треба да се земат во предвид намалувањето на емисијата и адаптацијата со цел да се постигне рамнотежа, а со поддршката што ќе се обезбеди да зајакне имплементацијата. Суштинската одговорност за тоа треба да ја преземат развиените земји, рече претседателот Ердоган.

Американскиот претседател Барак Обама предупреди на значењето за будење на свеста против националниот егоизам. Обама посочи на потребата и значењето за оставање погоден свет на идните генерации во кој ќе можат да живеат и егзистираат.

Германската канцеларка Ангела Меркел посочи на значењето за испраќање силна порака до светот за заштитата на климата.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун рече дека на крајот на Самитот за клиамтски промени треба да се испрати отворена и јасна порака до целиот свет.


Тагови:

Слични вести