Продолжуваат судирите за планината Кизилдаг

Туркменците Бајирбуџак кои се наоѓаат под жесток напад на силите на режимот и Русија водат борба за одбрана на своите родни места во подрачјето на Туркменската планина

356164
Продолжуваат судирите за планината Кизилдаг

9 дена како непрекинато продолжуваат нападите на силите лојални на режимот во Сирија врз Туркменците во подрачјето Бајирбуџак.

Цел на нападите е планината Кизилдаг која се наоѓа под контрола на опозиционерите.

Туркменците Бајирбуџак водат борба за одбрана на своите родни места во подрачјето на Туркменската планина.

Туркменците кои вчера повторно ја воспоставија контролата на планината Кизилдаг во текот на денот беа подложени на жестоко бомбардирање од страна на силите на режимот од копно и Русија од воздух и од морето.

Планината Кизилдаг се наоѓа под жестоко гранатирање од тенкови и топови распоредени во близина на населеното место Кесеб, а станува цел на ракетни напади и од воздух и море.

Во меѓувреме беа реализирани едновремени напади и врз ридовите Бурч ел Касап и Неби Јунус во близина на границата со Турција.

На падините на планината Кизилдаг продолжуваат да се водат вооружени судири и со лесно пешадиско и автоматско оружје.

Народот пак кој бега од судирите во подрачјето се засолнува во селото Јамади и околината веднаш во близина на границата со Турција

 

 


Тагови:

Слични вести