Руски авиони бомбардираа населено место кај Азез

Во бомбардирањето на руски воени авиони на населено место на 4 километри од Азез кај градот Алепо животот го загубија 7 лица, а десетици лица беа повредени

356139
Руски авиони бомбардираа населено место кај Азез

Руски воени авиони бомбардираа населено место на оддалеченост од 4 километри од Азез кај градот Алепо во северниот дел на Сирија.

Како што се истакнува во експлозијата до која дошло за време на бомбардирањето животот го загубиле 7 лица, а десетици лица биле повредени.

Потешко повредените Сиријци преку турско-сирискиот граничен премин Онџупинар беа донесени на лекување во Државната болница во Килис.

 


Тагови:

Слични вести