Кери од идната недела на турнеја по неколку земји

422385
Кери од идната недела на турнеја по неколку земји

Американскиот државен секретар Џон Кери идната недела ќе отпатува во посета на Кипар каде што ќе се состане со лидерите на турската и грчката страна на поделениот остров.

Во објавеното соопштение од Стејт департментот се истакнува дека државниот секретар Кери ќе ги посети Франција, Белгија, Косово, Србија, Кипар и Грција.

Според соопштението Кери заено со американскиот претседател Барак Обама на 30 ноември во Париз ќе учествува на меѓународната конференција на која ќе се дискутира за климатските промени, а потоа во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО.

Кери во рамките на својата посета на Косово ќе оствари средби во однос на билатерални и регионални прашања, а во Србија ќе учествува на состанокот на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).

На 3 декември американскиот државен секретар Џон Кери ќе замине во посета на Кипар каде што ќе оствари средби со лидерите на турската и грчката страна на поделениот остров, а со цел поддршка на преговорите за решавање на проблемот на островот кои што се водат со посредство на ОН.

Кери ќе престојува во посета и на Грција каде што ќе води разговори посветени на билатерални прашања, како и мигрантската криза и економските реформи.

 


Тагови:

Слични вести