„Туркменците во Сирија се ’мошне ефикасна воена сила’ "

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Марк Тонер истакна дека Туркменците се една од мошне ефикасните локални воени сили кои што се обидуваме да ги поддржиме против терористичката организација ДЕАШ

421330
„Туркменците во Сирија се ’мошне ефикасна воена сила’ "

САД истакнаа дека Туркменците во Сирија претставуваат „мошне ефикасна воена сила“ против терористичката организација ДЕАШ.

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Марк Тонер на одржаната редовна дневна конференција за печатот одговараше на прашањата на новинарите во однос на актуелните случувања во Сирија.

Притоа осврнувајќи се на значењето на Туркменците во регионот Тонер рече. „Како што истакнав и претходно низа пати Туркменците се една од мошне ефикасните локални воени сили кои што се обидуваме да ги поддржиме против терористичката организација ДЕАШ.“

Во однос на вестите за убиствата во копнената операција која што се реализира во туркменското подрачје од страна на силите на режимот на Асад поддржани и од Русија, Марк Тонер избегна да изнесе било каков коментар.

Застанувајќи во одбрана на тоа дека лично не бил информиран и не ги прочитал вестите по ова прашање, портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер рече: „Затоа не можам да ја потврдам доверливоста на овие вести.“  


Тагови:

Слични вести