Договор меѓу Иран и П5+1 за модернизација на реакторот во Арак

Според објавеното соопштение од канцеларијата на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, се бара започнување на работите за модернизација на реакторот во Арак без нивно одложување

421200
Договор меѓу Иран и П5+1 за модернизација на реакторот во Арак

Иран и земјите од групата П5+1 составена од САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија постигнаа договор за модернизација на реакторот во Арак.

Според објавеното соопштение од канцеларијата на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, се бара започнување на работите за модернизација без нивно одложување.

Согласно постигнатиот договор за проектот за модернизација на реакторот во Арак ќе биде одговорен Иран, додека земјите П5+1 ќе бидат вклучени во проектот како помошници.

Иран како сопственик и администратор на проектот ќе одигрува лидерска улога додека земјите П5+1 во рамките на проектот ќе достават поддршка во однос на дизајнот, развивањето на гориво, производството, безбедноста, обезбедувањето на делови за реакторот и управувањето со употребеното гориво.

Иран и работната група за проектот за модернизација ќе подготват петгодишен план.

Една од значајните одговорности во постигнатиот сеопфатен нуклеарен договор меѓу земјите П5+1 и Иран на 14 јули во Виена беше прашањето посветено на модернизацијата на реакторот за истражување во Арак.

Согласно постигнатиот договор се предвидува Иран реакторот на тешка вода во Аран да го трансформира во реактор на лесна вода и наново да го дизајнира за медицински истражувања.

Договорот потпишан од страна на министрите за надворешни работи се оценува како значаен чекор во правец на применување на постигнатиот нуклеарен договор.


Тагови:

Слични вести