Треба да се постигне договор за бегалците со Турција

Намалувањето на бројот на бегалците кои пристигнуваат во Европа може да се реши со меѓународно решение

420021
Треба да се постигне договор за бегалците со Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека има потреба од постигнување договор со Турција за изнаоѓање решение на приливот на бегалците од Сирија во Европа.

Во говорот што го одржа во Минхен Меркел рече дека намалувањето на бројот на бегалците кои пристигнуваат во Европа може да се реши со меѓународно решение.

Овој голем проблем треба да се реши без Европа да биде изложена на оштетување, рече Меркел и потенцираше дека за намалување на бројот на бегалците треба да се заштитат надворешните граници.

Ние имаме потреба од постигнување договор за бегалците со Турција, рече Меркел и додаде дека што поскоро треба да се спречи илегалната миграција меѓу Турција како земја членка на НАТО и кандидат за ЕУ и Грција.


Тагови:

Слични вести