Највисоко ниво на алармантната состојба во Белгија

Во вечерните часови беа стационирани воени возила во различни населби на Брисел

420145
Највисоко ниво на алармантната состојба во Белгија

По терористичките напади во Париз, Белгија го искачи нивото на алармантната состојба во земјата на највисоко ниво.

Белгиската влада поради безбедносни причини упати повик до граѓаните на Брисел да се држат далеку од концертите, кино салите особено во петок и сабота навечер како и колективниот транспорт и трговските центри.

Во вечерните часови беа стационирани воени возила во различни населби на градот.

Некои белгиски медиуми причината за зголемување на нивото на алармантноста во земјата го поврзаа за терористичките напади во Париз и податокот дека двајца од терористите кои го извршија нападот живееле во Брисел и дека продолжува истрагата.


Тагови:

Слични вести