Постои можности за истражување на опциите за заедничка соработка

Веројатноста Иран да се стекне со посилна позиција во Сирија, ја зголемува загриженоста на Израел

367504
Постои можности за истражување на опциите за заедничка соработка

Израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху рече дека во врска со резервите на природен гас во Средоземното море постои можности за истражување на опциите за заедничка соработка.

Во говорот што го одржа на панелот „Дипломатски панел“ што се одржа од страна на израелскиот весник „Јерусалим пост“ во Ерусалим, Нетанјаху се осврна на Турско-израелските односи.

Според весникот, на прашањето: Ако се земе во предвид победата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Турција, дали размислувате да ги подобрите односите со Турција?, премиерот Нетанјаху одговори дека продолжуваат да го истражуваат ова прашање.

Покрај лошата состојба во дипломатските односи во последно време, трговијата меѓу Турција и Израел се наоѓа на највисоко ниво во историјата, рече Нетанјаху.

Постои можност да истражат опциите за соработка со Турција околу резервите на природен гас во Средоземното море, додаде Нетанјаху.

Веројатноста Иран да се стекне со посилна позиција во Сирија како последица на неповолните случувања во оваа земја, ја зголемува загриженоста на Израел, рече Нетанјаху и додаде дека слично како и Турците, и ние сме многу загрижени од ситуацијата.

Кога станува збор за заеднички интереси, тогаш може да дојде до ситуации кога не може да се изнајде функционална политика, рече Нетанјаху и потенцираше дека најголемиот судир на интереси меѓу Турција и Израел е Хамас која активно делува во Турција и постојано ги поттикнува и раководи со терористичките напади против Израел.


Тагови:

Слични вести