Паника во авиони на Ер Франс

Два Авион на француската компанија Ер Франс кои полетале од САД за Париз поради паника од бомба во авионите принудно слетале на други аеродроми

418741
Паника во авиони на Ер Франс

Авионот на Ер Франс кој полетал од Лос Анџелес за Париз принудно слетал на аеродромот во Солт Лејк Сити, а авионот исто така на Ер Франс кој полетал од Аеродромот Дулс во Вашингтон принудно слетал на аеродромот Халифакс во Канада.

Портпарол на компанијата Ер Франс Кристоф Пумиер соопштил дека по полетувањето на авионите добиле позив дека била подметната бомба во истите авиони.

Веднаш потоа авионите биле пренасочени кон други дестинации по што агенти на ФБИ и припадници на аеродромската полиција со часови ги претресле двата авиона.

Биле испитувани сите патници на авионите, воедно детално бил претресен целиот нивен багаж.


Тагови:

Слични вести