ДЕАШ го претставува тероризмот, а не исламот

Најзначајни елементи на самитот беа тероримот и глобалната борба против тероризмот

417955
ДЕАШ го претставува тероризмот, а не исламот

Американскиот претседател Барак Обама рече дека ДЕАШ го претставува тероризмот, а не исламот и дека погрешно е поистоветувањето на проблемот на бегалците со тероризмот.

На прес конференцијата што ја одржа по Самитот на Г-20 во Анталија, претседателот Обама рече дека најзначајните елементи на самитот беа тероризмот и глобалната борба против тероризмот.

Обама прес конференцијата во Анталија ја започна изразувајќи благодарност на Турција и рече дека ДЕАШ не ги застапува ниту исламот, ниту погледите на муслиманите. Тоа што го застапува ДЕАШ е тероризмот.

Во продолжение Обама се осврна на одлуките што беа усвоени на Самитот на Г-20 во борбата против тероризмот и имигрантите, а исто така упати порака за решителност.

Пред нападите во Парис немавме информации за една ваква акција рече Обама и посочи дека со Франција постигнале согласност за зголемување на нивото на размена и споделување на воените информации со цел да се спречат евентуалните напади.

На средбите во Виена посветени на Сирија беше постигнат одреден напредок рече Обама и нагласи дека за Бешар Асад нема место во иднината на Сирија и дека постојат разлики во погледите со Путин во однос на прашањето.

За што поскоро окончување на војната во Сирија сите земји треба да започнат процес во кој сите земји ќе споделуваат заедничко мислење. Тоа има многу големо значење, потенцираше Обама.

Третирањето на бегалската криза која беше доживеана како последица на случувањата во Сирија и Ирак како и приливот на мигрантите на границите само врз верска основа се коси со американските вредности, рече Обама и подвлече дека повеќет од луѓето кои се жртви на тероризмот во суштина се муслимани.

Обама посочи на опасноста од споредувањето на мигрантите и тероризмот и ја искористи приликата уште еднаш да изрази респект на Турција, Јордан и Либан кои ги отворија своите граници за бегалците.


Тагови:

Слични вести