16 гувернери на САД изјавија дека нема да дозволат влез на сирис

Над половина од американските граѓани на имигрантите сметаат како на закана за безбедноста на земјат

418075
16 гувернери на САД изјавија дека нема да дозволат влез на сирис

16 гувернери на САД изјавија дека по нападите во Париз нема да дозволат влез на сириските бегалци во нивните земји.

Веднаш по изјавите започнаа дискусии во врска со тоа дали гувернерите имаат таква надлежност.

Стејт департментот соопшти дека немаат никакви промени во планот за прифаќање на 10 илјади сириски бегалци во текот на претстојната година.

Дискусиите во врка со имигрантите се одрази и врз претседателската трка.

Кандидатот на Републиканската партија Бен Карсон рече дека пред прифаќањето на имигрантите, треба да бидат изложени на тест.

Вториот кандидат на Републиканската партија Доналд Туск го изнесе ставот дека прифаќањето поголем број сириски имигранти ќе претставува лудило.

Резултатите од анкетните истражувања покажуваат дека над половина од американските граѓани на имигрантите сметаат како на закана за безбедноста на земјата.

Додека организациите за човекови права го бранат ставот дека треба да се има поголемо разбирање за имигрантите.


Тагови:

Слични вести