Згаснаа светлата на Ајфеловата Кула

Во знак на спомен и почит кон жртвите блескавата и светла Ајфелова кула синоќа беше темна и мрачна со изгаснати светла

417353
Згаснаа светлата на Ајфеловата Кула

Во знак на почит кон жртвите во реализираните терористички напади во Париз синоќа беа изгаснати светлата на Ајфеловата кула.

Во објавеното соопштение од фирмата која стопанисува со Ајфеловата кула се истакнува дека во знак на жалост светлата на кулата ќе бидат угаснати во текот на целата ноќ.

Градоначалникот на Париз Ен Хидалго исто така во својата порака што ја испрати преку социјалните медиуми сподели фотографија на Ајфеловата кула со угаснати светла под која напиша „Вечерва Ајфеловата кула е во жалост. Нејзините светла ќе останат угаснати во знак на спомен на жртвите кои го загубија животот во терористичките напади.“

Ајфеловата кула вчера беше затворена за посетители.

Во реализирани терористички напади во петокот вечер на 7 одделни места во францускиот главен град Париз животот го загубија најмалку 129 лица, а 352 лица беа повредени од кои 99 потешко.

Во терористичките напади за кои одговорност презеде ДЕАШ загинаа и 7 терористи. 

 


Тагови:

Слични вести