Повик од Бан за политички договор во Сирија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави во Анталија дека едниот од најзначајните приоритети во врска со Сирија е сигурно да се постигне политички договор

417483
Повик од Бан за политички договор во Сирија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кој учествува на самитот на Г-20 во Анталија одржа конференција за претставниците на печатот на која ги осуди терористичките напади во Париз во кои животот го загубија повеќе од 100 лица и го изрази своето сочувство до францускиот народ и блиските на жртвите.

Бан рече дека едниот од најзначајните приоритети во врска со Сирија е сигурно да се постигне политички договор и и се заблагодари на Турција за напорите што ги вложува во оваа насока.

Бан Ки-мун нагласи дека разговорите во австрискиот главен град Виена кои што беа започнати со цел изнаоѓање на политичко решение за граѓанската војна во Сирија се крајно значаен чекор.

Генералниот секретар на светската организација рече: „Со години се соочуваме со поделеност. Затоа мислам дека разговорите се мошне голема прилика за ставање крај на тамошното насилство и реализација на соодветен политички процес за кој што ќе биде постигнат компромис.“

Нагласувајќи дека тероризмот претставува закана за целото човештво, Бан потсети на реализираните терористички напади во Либан и Ирак.

Истакнувајќи дека светот се соочува со една голема криза  и дека се доживува најмасовниот бран на бегалци по Втората светска војна, Бан им се заблагодари на Турција и Либан поради тоа што прифатија 4 милиони сириски бегалци.

Ослонувајќи се и на критиките во врска со статусот на 5-те земји постојани членки во Советот за безбедност на ОН и нивниот приод кон предлозите за решавање на сириската криза, Бан Ки-мун рече дека има потреба од реформа на Советот за безбедност на ОН и тоа со воспоставување на консензус.

 

 

 



Тагови:

Слични вести