Обама го свика на состанок Советот за национална безбедност

На состанокот на Советот за национална безбедност му биле доставени на Обама разузнавачки информации во врска со нападите во Париз и притоа било истакнато дека не станува збор за одредена конкретна закана против САД

366101
Обама го свика на состанок Советот за национална безбедност

Американскиот претседател Барак Обама пред да отпатува за Турција каде што на 15 (денеска) и 16 (утре) ноември во Анталија ќе учествува на лидерскиот самит на Г-20 го свика на состанокот Советот за национална безбедност посветен на терористичките напади во Париз во петокот вечер.

Според објавеното соопштение од Белата куќа на Обама му биле доставени разузнавачки информации во врска со нападите во Париз и притоа било истакнато дека не станува збор за одредена конкретна закана против САД.

Освен тоа беше истакнато дека на состанокот било разговарано за активната соработка помеѓу САД и Франција во рамките на борбата против тероризмот, како и тоа дека Вашингтон е подготвен да одговори на секој вид барање кое што ќе бпристигне од француските функционери во рамките на терористичките напади во Париз.

Во соопштението се додава дека нема различни информации од првичните проценки на француските функционери околу тоа дека за нападите е одгвоорна терористичката организација ДЕАШ.

На состанокот на Советот за национална безбедност беше направена проценка и на последните преземени мерки во врска со безбедноста на американските конзуларно-дипломатски претставништва во Париз и општо во Европа, додека претседателот Обама до својата екипа во Советот за национална безбедност ја издал дирактивата во момент да ги следат сите случувања во врска со терористичките напади во Париз.

 


Тагови:

Слични вести