„Франција ќе продолжи да и нанесува удари на ДЕАШ"

Францускиот премиер Валс истакна дека Франција ќе продолжи да и нанесува удари на ДЕАШ во Сирија и дека францускиот народ, владата и парламентот мораат да бидат силни

417330
„Франција ќе продолжи да и нанесува удари на ДЕАШ"

Францускиот премиер Мануел Валс кој беше гостин во програмата на француската телевизија TF1 истакна дека напаѓачите се многу добро организирани, но дека апролутно нема да отстапи против тероризмот.

Валс рече дека неговата земја е одлучна во однос на борбата против тероризмот и дека ќе ја продолжи борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Нагласувајќи дека Франција ќе продолжи да и нанесува удари на ДЕАШ во Сирија, Валс даде порака за братство и единство и напомена дека францускиот народ, владата и парламентот мораат да бидат силни.

Валс подвлече дека се подготвени за борба против секој оној кој ќе и се заканува на вредностите на републиката и го рече следното: „Во тие рамки би можело да се постави на дневен ред дури и депортирањето на некои лица.“

Францускиот премиер Мануел Валс додаде дека нема одредени измени во програмата на конференцијата на ОН за климатски промени што ќе се одржи на крајот на овој месец во Париз. 


Тагови:

Слични вести