Во руски воздушен напад кај Алепо загинаа 15 лица

Во воздушен напад на руски воени авиони на областа Кафр Хамра кај градот Алепо во Сирија животот го загубија 15 лица, а 50 лица беа повредени

417115
Во руски воздушен напад кај Алепо загинаа 15 лица

Руски воени авиони реализираа напад на областа Кафр Хамра кај градот Алепо во Сирија, која се наоѓа под контрола на опозиционерите и притоа во воздушниот напад животот го загубија 15 лица, а 50 лица беа повредени.

Според добиени информации од функционери за цивилна одбрана во Алепо воени авиони на руската армија ја нападнале областа Кафр Хамра во близина на која се наоѓа под контрола на противниците на режимот.

Исти функционери истакнаа дека во рускиот воздушен напад животот го загубиле 15 лица меѓу кои имало и жени и деца, а 50 лица биле повредени.

Повредените со помош на амбулантни коли биле префрлени на лекување во полските болници во областа.

Во областа на која бил извршен возушнот напад била причинета голема материјална штета, додека по рускиот воздушен напад народот почнал да ја напушта областа.

Од денот кога пристигнаа во Сирија руските воени авиони ги бомбардираа населените места особено во Хомс,, Одлиб, Хама и Алепо, како и штабовите на Сириската слободна армија. 


Тагови:

Слични вести