Нова средба во Виена за решавање на сирискиот проблем

За решавање на сирискиот проблем денеска во Вина повторно ќе се состанат шефовите на дипломатиите на 17 земји меѓу кои се наоѓаат и САД, Русија, Саудиска Арабија, Иран и Турција

417016
Нова средба во Виена за решавање на сирискиот проблем

Во период кога со сета жестина продолжува граѓанската војна во Сирија меѓународната заедница е во потрага по изнаоѓање решение за кризата во овааз емја.

За решавање на сирискиот проблем денеска во Вина повторно ќе се состанат шефовите на дипломатиите на 17 земји меѓу кои се наоѓаат и САД, Русија, Саудиска Арабија, Иран и Турција.

Пред овој состанок беа остварени низа билатерални средби.

Во тие рамки министерот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу се состана со американскиот државен секретар Џон Кери и специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура.

Од друга страна билатерални средби во Виена остварува и сириската опозиција која инаку не е официјално поканета на состанокот.

Претседателот на Националната коалиција на сириските опозициони и револуционерни сили Халид Хоџа се состана со министрите за надворешни работи на Турција, Саудиска Арабија и Катар.  


Тагови:

Слични вести