САД ќе развијат нов акционен план за случувањата во Сирија

Сеуште постојат сомневања дали ќе се обезбеди политичка транзиција во Сирија

365766
САД ќе развијат нов акционен план за случувањата во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека планираат да развијат нов акционен во врска со случувањата во Сирија, потенцирајќи дека постојат значајни сомневања во врска со прашањето.

Пред конференцијата посветена на Сирија во Виена, Кери говореше на панелот на Американскиот институт за мир.

Кери во говорот посочи на значењето на дипломатските напори и состанувањето на преговарачката маса на страните кои се инволвирани со цел да се изнајде мировно решение на кризата во Сирија и борбата против ДЕАШ. Сеуште постојат сомневања дали ќе се обезбеди политичка транзиција во Сирија, рече Кери.

Ѕидовите на сомнение во Сирија, кај регионалната и меѓународната заедница се многу дебели и високи. Ако не покажеме заеднички и конструктивни напори, никогаш не ќе можеме да ги надминеме, рече Кери.

Заедно со сојузничките земји имаме планови за уништување на ДЕАШ рече кери но не даде појаснување и детали во врска со истите.

САД продолжува со настојчивоста за изнаоѓање дипломатско решение на кризата во Сирија рече Кери нагласувајќи дека имаат за цел да развијат акционен план кој ќе се оствари во одреден временски период.

Сеуште не постигнавме консензус со Русија за иднината на Асад рече Кери и додаде дека тоа нема да претставува пречка за продолжување на преговорите.


Тагови:

Слични вести