Руската армија ќе се опреми со модерно оружје

Русија не сака да влезе во трката за вооружување, но исто така треба да се надокнадат изгубените години

365470
Руската армија ќе се опреми со модерно оружје

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека еден од најзначајните приоритети на неговата земја е формирање армија опремена со модерно оружје.

Во говорот на свеченото отворање на состанокот посветен на развојот на руската армија претседателот Путин рече дека една од најзначајните цели е формирање модерна армија опремена со модерно оружје. Русија не сака да влезе во трката за вооружување, но исто така треба да се надокнадат изгубените години поради лошото финансирање на одбранбената индустрија.

Во 2015 година на Руската армија и беше обезбедено 25 отсто поголема количина ново оружје во споредба со претходната, рече претседателот Путин.

На состанокот беа разгледани можностите за зголемување на ефикасната соработка меѓу Министерството за одбрана и одбранбената индустрија.


Тагови:

Слични вести