Италијанецот Филипо Гранди нов висок комесар на ОН за бегалци

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за нов шеф на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) го наименува италијанскиот дипломат Филипо Гранди

415905
Италијанецот Филипо Гранди нов висок комесар на ОН за бегалци

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки-Мун истакна дека на функцијата шеф на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) на местото на Антонио Гутерес ќе биде назначен италијанскиот дипломат Филипо Гранди.

Во објавеното соопштение од кабинетот на генералниот секретар на ОН се истакнува дека Бан Ки-мун за Филипо Гранди за нов висок комесар на ОН за бегалци се определил по оставрените разговори со лидерите на регионалните групи во ОН.

За официјализирање на оваа функција е потребно да се добие одобрение од Генералното собрание на ОН.

Претседателот на Генералното собрание на ОН Могенс Ликетофт исто така изјави дека одлуката на генералниот секретар пристигнала и дека прашањето идната недела ќе биде поставено на дневен ред на Генералното собрание.

Како што се наведува не се очекува да биде изнесено извесно противење на оваа одлука на генералниот секретар.

Италијанскиот дипломат Филипо Гранди ќе почне да ја извршува функцијата висок комесар на ОН за бегалци во период кога светот се соочува со најголемата мигрантска криза после Втората светска војна.

Гранди претходно во периодот 2010-2014 година беше комесар на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA), а во периодот 2005-2010 година ја извршуваше должноста заменик коемесар на истата агенција.

 



Тагови:

Слични вести