Германија најави применување на Даблискиот договор

Германија најави повторно применување на Даблинскиот договор кој што предвидува мигрантите своите потврди за барање азил да ги поднесат во земјата во која најпрвин ќе стапнат нога во Европа

365568
Германија најави применување на Даблискиот договор

По прашањето со мигрантската криза ќе се применува Даблинскиот договор. 

Портпаролот на германската влада Кристијан Вирц истакна дека било одлучено повторно да биде ставен во примена Даблинскиот договор кој што предвидува мигрантите своите потврди за барање азил да ги поднесат во земјата во која најпрвин ќе стапнат нога во Европа.

Вирц во федералниот прес-центар одговараше на прашањата во врска со состојбата на сириските мигранти.

Истакнувајќи дека враќањето назад кон примена на Даблинскиот договор не значи дека ЕУ се откажува од „културата на добредојде“, Вирц рече: „Тоа нема никаква врска со било каква промена во политиката.“

Портпаролот на германската влада Кристијан Вирц потсети дека „апсолутно“ има потреба од промена на некои права во Европа, а воедно потсети дека се уште важат постоечките правила. 

 


Тагови:

Слични вести