Падна 10 дневната Влада на Португалија

Претседателот Силва се очекува за нов мандатор да го назначи лидерот на втората голема Социјалистичка партија Антонио Коста

415111
Падна 10 дневната Влада на Португалија

Падна Малцинската коалиција во Португалија составена од десничарските партии која по изборите на 4 октомври, пакетот на економски политики за стегање на ременот што го достави до парламентот беше одбиен.

Лидерот на Португалскиот фронт и премиер Педро Пасос Коелјо, програмата на Владата што ја достави на гласање за доверба во парламентот беше одбиена, додека предлог иницијативата за недоверба поднесена од страна на левичарските партии меѓу кои и оние со радикални погледи беше прифатена со 123 гласа за, а 107 пратеници гласаа против.

Со усвојување на предлогот за недоверба, падна Владата во Португалија.

Владата го брани ставот дека мерките за штедење и стегање на ременот се потребни за усогласување со буџетските стандарди на ЕУ, додека опозицијата го брани ставот дека овие мерки ќе предизвикаат земјата да влезе во криза слична на онаа во Грција.

Одлуката на претседателот Анибал Кавако Силва ќе има определувачка улога во процесот што започна по падот на временски најкратката влада во историјата на Португалија.

Според претпоставките, претседателот Силва се очекува за нов мандатор да го назначи лидерот на втората голема Социјалистичка партија Антонио Коста.


Тагови:

Слични вести