Лавров и Зариф водеа телефонски разговор посветен на Сирија

Министрите за надворешни работи на Русија и Иран, Сергеј Лавров и Џевад Зариф остварија телефонски разговор посветен на Сирија

365468
Лавров и Зариф водеа телефонски разговор посветен на Сирија

Министрите за надворешни работи на Русија и Иран разговараа за Сирија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф се договорија по прашањето на доставување предлог во врска со што поскоро започнување на политичкиот дијалог во Сирија.

Во објавеното соопштение од прес-центарот на руското министерство за надворешни работи се истакнува дека во остварениот телефонски разговор помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји кој што бил реализиран на барање на руската страна бил постигнат компромис на состанокот на Групата за поддршка на Сирија што ќе се одржи на 14 ноември во Виена да биде предложено за што поскоро време да биде започнат процесот за политички дијалог во Сирија.

Во разговорот била нагласена потребата од остварување на разговорите помеѓу сирискиот режим и опозицијата под покровителство на ОН, како и доставување поддршка до страните и од страна на останатите „актери“ вклучувајќи ја и Групата за поддршка на Сирија во правец на постигнување договор.


Тагови:

Слични вести