Американскиот Конгрес го одобри буџетот за одбраната

Американскиот Конгрес со 370 наспроти 58 гласа, со кворум од над двотретинско мнозинство гласови го одобри нацрт-законот за буџетот за одбраната во износ од 607 милијарди долари

415260
Американскиот Конгрес го одобри буџетот за одбраната

Американскиот Конгрес го усвои нацрт-законот за буџетот за одбраната во износ од 607 милијарди долари.

Нацрт-законот за буџетот за одбраната кој поради извесни спорови околу буџетот и одредбите за затворот во Гвантанамо минатиот месец наиде на вето од американскиот претседател Барак Обама, повторно беше поставен на разгледување во Конгресот.

Овојпат нацрт-законот од Сенатот помина со 91 наспроти 3 гласа, додека во Конгресот беше усвоен со 370 наспроти 58 гласа, односно со усвојување со голем број гласови дури и над двотретинско мнозинство беше испратен на потпис кај претседателот Обама кој овојпат нема право на вето.

Нацртот содржи превентивни одредби против затворањето на затворот во Гвантанамо и пренесување на тамошните затвореници во САД, што пак претставува една од приоритетните цели на претседателскиот мандат на Обама.

Освен тоа во нацрт-законот им се одделува место и на одредби како што се овластување на Обама за помош во оружје во износ од 300 милиони долари за украинската армија која се бори против проруските сепаратисти и одделување фонд за воена помош на силите во Сирија и Ирак кои се борат против терористичката организација ДЕАШ.

Во тие рамки со нацрт-законот се предвидува да биде одделен фонд од 715 милиони долари за ирачките сили и 406 милиони долари за програмата обучувај-опреми за умерените опозиционери во Сирија.

Усвојувањето на нацрт-законот за буџетот за одбраната со големо мнозинство гласови во Конгресот би можел да го отежне планот на американскиот претседател Барак Обама за затворање на затворот во Гвантанамо и пренесување на тамошните затвореници во САД.

 


Тагови:

Слични вести