Продолжува евакуацијата на Англичаните од Шарм ел Шејк

На англиските граѓани им се обезбедуваат места во авионите и на најбрз начин се донесуваат во Обединетото кралство

413141
Продолжува евакуацијата на Англичаните од Шарм ел Шејк

По одлуката за одложување на летовите, Министерството за надворешни работи на Англија на продолжува со активностите за евакуација на англиските граѓани кои остана во Шарм ел Шејк.

Според писменото соопштение објавено од страна на Министерството, продолжуваат интензивните активности за донесување на англиските граѓани кои останаа во областа. Имено на граѓаните им се обезбедуваат места во авионите и на најбрз начин се донесуваат во Обединетото кралство, поради што активно соработуваме со египетските власти, англиските авиокомпании и тур-операторите, соопшти министерството.

Министерството меѓудругото соопшти дека секој ден се дозволува полетување на одреден број авиони од Шарм ел Шејк. На туристите кои чекаат да се вратат во Англија им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот се додека не добијат одобрение на авиокомпанијата или тур-операторите бидејќи зависно од развојот на случувањата може да има потреба да останат во туристичките центри каде што престојуваат.

По меѓусебното суспендирање на летовите со Шарм ел Шејк од среда наваму, Англија со евакуацијата на своите граѓани почна во петокот. Во петокот и саботата околу 3 илјади Англичани беа евакуирани од регионот.

Во средата навечер англиската Влада соопшти дека причината за падот на рускиот авион кој полета од Шарм ел Шејк за Санкт Петербург и падна во Египет може да биде подметната бомба, поради што меѓусебно ги суспендира летовите за Шарм ел Шејк. Во периодот кога беше донесена одлуката, во Шарлм ел Шек се наоѓаа околу 20 илјади англиски туристи од кои околу илјада Англичани се сместени живеат во градот.

На 31 октомври авионот од типот Ербас-А 321 на Руската авиокомпанија Когалимавиа (Метроџет) кратко време по полетувањето падна во близината на Синајскиот полуостров во Египет. Во несреќата загинаа 217 патници, меѓу кои 17 беа деца и 7 членови на екипажот.


Тагови:

Слични вести