САД ќе ја зголеми безбедноста на некои летови

Во рамките на дополнителните мерки се предвидува подетална контрола на предметите на патниците

412382
САД ќе ја зголеми безбедноста на некои летови

По падот на рускиот авион во Египет, Вашингтон започна иницијатива за зголемување на безбедноста.

Вашингтон не ја занемарува можноста за тероризам, поради што САД ќе ја зголеми безбедноста на некои аеродроми во регионот за Америка.

Министерството за внатрешна безбедност на САД соопшти дека во врска со дополнителните мерки ќе се водат консултативни средби со Владите на инволвираните држави и авиокомпании.

Според соопштението објавено од страна на Министерството, одлуката ќе обезбеди дополнителни безбедносни мерки за патниците.

Во рамките на дополнителните мерки се предвидува подетална контрола на предметите на патниците.

Во врска со новите безбедносни мерки што беа преземени не беа објавени детални информации за тоа на кои аеродроми ќе бидат имплементирани истите.

Рускиот патнички авион кој во саботата полета од Санкт Петербург за египетскиот град Шарм Ел Шеик, краток период по полетувањето падна. Во несреќата загинаа сите 224 патници, меѓу кои 17 беа деца.


Тагови:

Слични вести