Честитки од Меркел и Алиев

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и канцеларката на Германија Ангела Меркел му честитаа на премиерот Ахмет Давутоглу

408732
Честитки од Меркел и Алиев

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и канцеларката на Германија Ангела Меркел му честитаа на премиерот Ахмет Давутоглу на победата на неговата партија на парламентарните избори што се одржаа во неделата.

Претседателот Алиев подвлече дека силата и стабилноста на Турција воедно значат и сила и стабилност на Азербејџан. Претседателот Алиев го покани премиерот Ахмет Давутоглу да ја посети неговата земја.

Премиерот Давутоглу му се заблагодари на претседателот алиев на честитката и подвлече дека една првите две посети на странство во својство на премиер на новата турска влада ќе ја реализира токму на Азербејџан.

Канцеларката на Германија Ангела Меркел во телефонски разговор со премиерот Ахмет Давутоглу реализиран на нејзино барање му честита на премиерот на победата на неговата партија на парламентарните избори на 1 ноември. Таа подвлече дека излезноста од 85 насто на изборите ја покажа зрелоста на турската демократија.

Во разговорот Меркел-Давутоглу дознаваме дека меѓу другото станало збор и за случувањата во Сирија, како и за борбата против терористичката организација ДЕАШ и за сеопфатно решавање на бегалската криза.

На премиерот Ахмет Давутоглу му честитаа и претседателот на опозиционата Народна републикаанска партија ЏХП Кемал Киличдароглу.


Тагови:

Слични вести