Германците не им веруваат на медиумите

Резултатите од анкетата покаажале дека 20 насто од испитаниците се изјасниле дека печатените и електронските медиуми во земјата буквално лажат

362214
Германците не им веруваат на медиумите

Германците не им веруваат на медиумите

Едно истражување спроведено во Германија покажа дека 42 насто од Германците не им веруваат на медиумите.

20 насто пак ги обвиниле медиумите за ширење лажни информации.

Истражувањето го спровело тинк тенк асоцијацијата Инфратест за радио ВДР 5. Резултатите од анкетата покажале дека 20 насто од испитаниците се изјасниле дека печатените и електронските медиуми во земјата буквално лажат,додека 72 насто изјавиле дека не се приклучуваат кон припадниците на движењето Пегида за постоење на „лажен печат“.

Во рамките на анкетата биле испитани 740 Германци од кои 52 насто изјавиле дека им веруваат на германските медиуми а 42 насто дека не им веруваат.

77 насто од испитаниците изјавиле дека доверба заслужуваат државните радија и телевизии, а 68 насто дневните весници.

Само 31 насто се изјасниле дека им веруваат на вестите на интернет мрежите.


Тагови:

Слични вести