Продолжуваат судирите во Јемен

Исмаил Велед Еш Шеик Ахмед со цел да продолжат мировните преговори за Јемен отпатува за Ријад

406668
Продолжуваат судирите во Јемен

Во судирите меѓу Хутите и приврзаниците на претседателот Мансур Хади во градот Таиз загинаа 33 лица.

Во ракетните напади на Хутите врз различни позиции во градот Таиз и околината беа повредени 14 лица.

Во воздушните напади на авионите на коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија врз позициите на Хутите беше уништено едно вено возило на организацијата.

Во меѓувреме, специјалниот претставник на ОН Исмаил Велед Еш Шеик Ахмед со цел да продолжат мировните преговори за Јемен отпатува за Ријад.


Тагови:

Слични вести