Во ракетен напад во Дума кај Дамаск загинаа 47 лица

Во напад со 11 ракети реализиран од страна на силите на Асад врз населените места во градчето Дума источно од главниот град Дамаск животот го загубија 47 лица, а 100 лица беа повредени

360630
Во ракетен напад во Дума кај Дамаск загинаа 47 лица

Во реализиран напад од страна на силите на Асад со 11 ракети врз населените места во градчето Дума источно од главниот град Дамаск животот го загубија 47 лица, а 100 лица беа повредени.

Според добиени информации од функционери на сириската цивилна одбрана повредените биле префрлени на лекување во полските болници во подрачјето.

Исти функционери истакнаа дека на местата каде што паднале ракетите била причинета голема материјална штета.

Вчера воен авион на сириската армија реализира воздушен напад на едно населено место во градчето Дума источно од главниот град Дамаск при што во нападот животот го загубија 14 цивили, а 25 лица беа повредени.

Во градчето Дума кое се наоѓа под контрола на опозиционерите и кое 3 години се наоѓа под опсада на силите на режимот електричната струја е прекината и населението своите потреби од вода за пиење ги обезбедува од бунари. 


Тагови:

Слични вести