Руски авион со 224 лица се урна над Синајскиот полуостров

Во патничкиот авион се наоѓале 217 патници од кои 17 биле деца и 7 членови на екипажот и скоро сите патници биле руски туристи кои се враќале од одмор од познатото египетско туристичко одморалиште Шарм ел-Шеик

360940
Руски авион со 224 лица се урна над Синајскиот полуостров

На Синајскиот полуостров се сруши патнички авион во сопственост на руска авиокомпанија кој од Шарм ел-Шеик патувал за Санкт Петербург.

Во патничкиот авион се наоѓале вкупно 224 лица, од кои 217 биле патници меѓу кои имало 17 деца и 7 членови на екипажот.

Египетски функцуионери истакнаа дека немало преживеани од срушениот авион.

како што се вели скоро сите патници во авионот во сопственост на руската авиокомпанија Колавиа биле руски државјани. 

Патничкиот авион од типот Ербас А-321 во сопственост на руската авиокомпанија Колавиа  полетал од египетското туристички одморалиште Шарм ел-Шеик и патувал за рускиот град Санкт Петербург.

Египетската државна телевизија соопшти дека авионот се срушил 23 минути по полетувањето од Шарм ел-Шеик, над Синајскиот полуостров.

Пилотот на авионот ја информирал контролната кула дека дошло до технички дефект и побарал дозвола за принудно слетување.

Како што се вели меѓу патниците се наоѓал и заменик гувернерот на градот псков Александр Колпилов и неговата сопруга .

Авиокомпанијата го споделила со печатот и списокот со имињата на патниците кои се наоѓале во авионот.

Во меѓувреме во врска со уривањето на патничкиот авион пристигна и едно тврдење.

Телевизијата Ал Џазира соопшти дека одговорноста во врска со уривањето на авионот ја презела терористичката организација ДЕАШ.

Според истото тврдење ДЕАШ оваа акција ја реализирала како одговор против руските напади во Сирија.

Веднаш по соопштување на веста на местото на несреќата заминал и египетскиот премиер Шериф Исмаил. 

Во објавеното соопштение од руската амбасада во Каиро се истакнува дека сите патници во срушениот  авион биле руски туристи кои се враќале од одмор од познатото египетско туристичко одморалиште Шарм ел-Шеик.

Рускиот претседател Владимир Путин издаде директива за местото на несреќата да заминат и руски екипи за пребарување и спасување.


Тагови:

Слични вести