Кери на турнеја по Централна Азија

Американскиот државен секретар Џон Кери допатува во Киргистан првата станица од неговата турнеја по Централна Азија

406102
Кери на турнеја по Централна Азија

Американскиот државен секретар Џон Кери ја започна својата турнеја по Централна Азија.

Прва станица на Кери беше Киргистан.

Џон Кери на одржаната конференција за печатот во главниот град Бишкек одговараше на прашањата на новинарите во врска со специјалните сили кои ќе бидат испратени од страна на САД во Сирија.

Кери рече дека целта на овие специјални сили не е да бидат инволвирани во граѓанската војна во Сирија или да се борат против силите на Асад.

Кери истакна дека единствена цел на специјалните сили е борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Американскиот државен секретар по посетата на Киргистан ќе отпатува во посета на Узбекистан, Казахстан, Таџикистан и Туркменистан. 


Тагови:

Слични вести