Нема согласност и на вториот состанок за Сирија во Виена

Блокот предводен од САД меѓу кои земји се наоѓа и Турција бараат транзиционен процес во Сирија

360468
Нема согласност и на вториот состанок за Сирија во Виена

Страните кои сакаат да ја спречат кризата во Сирија седнаа на преговарачката маса во Виена и продолжија да бараат политичко решение на ситуацијата.

Вчера во Виена се состанаа министерот за надворешни работи на земјава Феридун Синирлиоглу, американскиот државен секретар за надворешни работи Џон кери, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел Бин Ахмед Ал Џубејр.

На состанокот по вторпат на маса беше поставена ситуацијата во Сирија и патната карта која што ќе се следи во рамките на транзициониот процес.

Првиот состанок посветен на Сирија беше одржан минатата недела.

На минатонеделниот состанок се состанаа министрите за надворешни работи на Турција, САД, Русија и Саудиска Арабија. На крајот на состанокот беа упатени пораки за компромис.

На вчерашниот втор состанок повторно не беше постигната согласност околу Асад.

Блокот предводен од САД меѓу кои земји се наоѓа и Турција бараат транзиционен процес во Сирија. Доколку Асад остане во процесот, тогаш на функција ќе може да остане со ограничени овластувања.

На состанокот во Виена заминаа со овие предлози.

Но на состанокот уште еднаш не можеше да се постигне согласност околу Асад кој се поддржува од страна на Русија. Кремљ бара Асад да ја сочува моќта, а по транзициониот процес, конечната одлука за тоа кој ќе раководи со земјата да ја донесе народот.

По кварталната средба министерот Синирлиоглу одржа тет-а тет средба со претставникот на ОН Могерини.

Синирлиоглу и Могерини разменија мислења во врска со предлозите за изнаоѓање решение на кризата во Сирија.

На преговорите посветени на Сирија кои ќе продолжат и денес се очекува да учествуваат претставници на 17 земји меѓу кои и Иран како и ЕУ и ОН.

Страните вложуваат големи напори за постигнување напредок на патот за формирање преодна влада со целосно овластување во Сирија, чија основа ќе се базира на одредбите на членовите на женевската декларација усвоена во 2012 година.


Тагови:

Слични вести