Земјите членки на ЕУ беа неуспешни во однос на сириските имигран

Поистоветувањето на тероризмот со една религија е многу погрешно рече Гутерес

Земјите членки на ЕУ беа неуспешни во однос на сириските имигран

Високиот комесар за бегалци на ОН Антонио Гутерес рече дека земјите членки на ЕУ беа неуспешни во однос на сириските имигранти.

Најголемиот дел на товарот на имигрантите го сносат Турција, Либан и Јордан поради што не е можно ситуацијата да продолжи на ист начин и ситуацијата прерасна во хумана криза. Затоа се налага неминовна криза за поглобален приод кон случувањата кој ќе сноси поголема одговорност, подвлече високиот комесар на ОН.

Гутерес потсети дека до поред 5 години 11 илјади луѓе поради судирите беа принудени да го променат местото на живеење, додека во 2014 година оваа бројка се зголеми на 42 илјади.

Поистоветувањето на тероризмот со една религија е многу погрешно рече Гутерес и подвлече дека треба да се обвинуваат сторителите на терористичките акции, а не религијата.

Од друга страна пак, Високиот комесаријат на ОН соопшти дека од почетокот на годинава до денес преку Средоземното мое во Европа пристигнале над 700 илјади бегалци.

Во соопштението беше истакнато дека околу 3 210 лица загинале или се водат за исчезнати.

560 илјади бегалци со кајчиња и чамци пристигнаа во Грција, а 140 илјади во Италија.

Околу илјада лица пристигнаа во Шпанија, а 100 имигранти во Малта.

Најмногу имигранти и бегалци има од Сирија.

По Сирија, следуваат имигрантите од Авганистан, Еритреја и Ирак.


Тагови:

Слични вести