Повик од ОН до Вашингтон за укинување на ембаргото врз Куба

Годинава по период од 54 години повторно започнаа дипломатските односи меѓу САД и Куба и двете земји отворија амбасади

Повик од ОН до Вашингтон за укинување на ембаргото врз Куба

На седницата на Генералното собрание на ОН со гласовите на 191 земја членка против гласовите на Израел и САД беше доставено барање за укинување на ембаргото на Вашингтон врз Куба.

Генералното собрание на ОН подолг период секоја година гласа за резолуциите за Куба кои немаат обврзувачки карактер.

Со годинашнава предлог-резолуција по 24 пат беше упатен повик до САД за укинување на ембаргото врз Куба.

Годинава по период од 54 години повторно започнаа дипломатските односи меѓу САД и Куба и двете земји отворија амбасади.

Куба за нормализирање на односите бара да се кине најзначајната пречка, односно трговското ембарго што се спроведува од страна на САД врз оваа земја.


Тагови:

Слични вести